Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атанасијевиќ со звукот на сирената му донесе бод на Е. Пелистер во Охрид

/

Ракомет

Сподели преку :

Еурофарм Пелистер со гол во последната секунда стигна до бод на гостувањето кај Охрид во дербито од првото коло во ракометната Суперлига. Во неверојатно неизвесен натпревар во „Билјанини Извори“, двете екипи ги поделија бодовите со реми 28-28.

Ниту Охрид ниту Еурофарм Пелистер не успеаја да создадат предност поголема од два гола во текот на сите 60 минути. Двете екипи наизменично се менуваа во водство, а на полувремето битолчани имаа минимална предност од 14-13.

Неизвесноста траеше сè до последната секунда. Доминик Мате на триесетина секунди до крајот му донесе на Охрид водство од 28-27, но последниот збор го имаше Петар Атанасијевиќ. Ракометарот на Еурофарм Пелистер погоди со звукот на сирената и му донесе бод на својот тим – 28-28.

Филип Кузмановски со 10 голови беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, додека Петар Атанасијевиќ постигна осум погодоци од исто толку обиди. Кај Охрид, Мате беше прв стрелец со 11 голови, а капитенот Гоце Ојлески постигна четири.

Во премиерното коло шампионот Вардар убедливо го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 31-19, додека Алкалоид славеше против Мулти Есенс со 38-28. Прилеп беше подобар од Куманово со 38-31, Бутел и Младост ремизираа 30-30, а Тиквеш со 28-27 славеше на гостувањето кај Струга.