Фудбалската репрезентација на Франција ја совлада селекцијата на Македонија со 1:0 и со денешните три бода изби на чело во Х групата од квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година.
Македонската репрезентација долго време успешно одолеваше на инцијативата на противникот кој единствениот гол го постигна во 75-тата минута, а стрелец беше Пјер Калулу.
ФОТО: Игор Паневски





















