Македонската фудбалска репрезентација испишува ново поглавје во историјата. Со триумфот над Исланд, македонските фудбалери го потврдија второто место во групата и успеаа да се пласираат во баражот за учество на Светскиот шампионат што ќе се одржи следната година во Катар.
За нашата селекција ова е најдобриот пласман во еден квалификациски циклус и за прв пат во историјата преку баражот имаат можност да обезбедат уште еден настап на големите натпреварувања.
ФОТО: Игор Паневски



























