Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Романија противник на Македонија во баражот

/

Ракомет

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство што ќе се одржи кон на годинава во Шпанија ќе се соочи со селекцијата на Романија.

Тоа е епилогот на жрепката што се одржа попладнево во Виена. Поуспешниот во двата дуели што ќе се одржат во април.

Во првиот натпревар репрезентацијата на Македонија ќе гостува, а според календарот ќе се игра на 16 или 17 април додека реваншот е во Скопје на 20 или 21.

Романија е фаворит во овој дуел и во соочувањата со Македонија ќе се обиде по 25-ти пат да се пласира во завршницата на Светските првенства.

 

РАКОМЕТ – БАРАЖ ЗА СП 2021 / жени

Романија – МАКЕДОНИЈА

Турција – Русија

Чешка – Швајцарија

Исланд –  Словенија

Словачка – Србија

Украина – Шведска

Австрија – Полска

Унгарија – Италија

Португалија – Германија

Црна Гора – Белорусија

 

ФОТО: Игор Паневски