

Гостин во најновото издание на „Спорт Фокус“ е тренерот на кошаркарскиот клуб Работнички, Владимир Мирковски. Петнаесеткратниот шампион на Македонија повторно е на врвот на табелата со перфектен ефект сезонава. Може ли Работнички да ја врати шампионската титула во Градски парк? Зборуваме и за состојбата и квалитетот на македонската клупска кошарка, ...
Во новото издание на „Спорт Фокус“ разговараме со Ѓоко Хаџиевски за резултатската криза на македонската фудбалска репрезентација. Што треба да се промени и како искусен тренер би ја извел Македонија од тешката ситуација? Повеќе од критика, бараме насоки и решенија за подобра иднина на националниот тим.
...Во новото издание на „Спорт Фокус“ гостин ни е Горан Станиќ, фудбалскиот тренер и поранешен фудбалер со долгогодишно искуство во шкотскиот фудбал. Може ли Македонија да изненади на гостувањето кај Шкотска и против Словенија во Скопје? Разговараме за шкотскиот фудбал и за лекциите што Македонија може да ги извлече од ...
Во новото издание на „Спорт Фокус“ со Владимир Глигоров и Горан Ѓоргоноски разговараме за шансите на Македонија да ги отвори квалификациите со две победи. Игра ли Македонија модерен ракомет и колку домашната лига ги подготвува нашите репрезентативци за дуели со селекции од рангот на Шведска?
...Во новото издание на „Спорт Фокус“ гостин е министерот за спорт Борко Ристовски. Разговараме за спортската инфраструктура во Македонија и проектите што се планираат за следниот период. Како ќе се финансира спортот и според кои критериуми ќе се распределуваат средствата? Во која фаза е подготовката на новиот Закон за спорт ...
Во најновото издание на „Спорт Фокус“ разговараме со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Четири порази во четири натпревари во Лигата на нации. Кои се причините за лошите резултати на македонската репрезентација? Дали селекторот Гоце Седлоски сè уште ја има довербата на ФФМ? Може ли македонскиот фудбал да ...





