Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едногодишната пауза не ја спречи повторно да победи

/

Ферплеј

Сподели преку :

Адријана Поп Арсова Рашиќ го потврди статусот на актуелна најдобра македонска атлетичарка со победата на Скопскиот Маратон 2026 година, во македонска конкуренција.
Во генералниот поредок беше четврта, зад триото брзи Кенијки, но во Македонија засега никој не го загрозува нејзиниот статус на седумкратна шампионка и национална рекордерка на дистанцата 5км, полумаратонската трка и маратонот.
Годинашната победа е за неа уште позначајна откако ја прослави по едногодишната натпреварувачка пауза направена поради лични, приватни причини.
Поп Арсова во Фер-плеј открива дека и на 36 години сѐ уште верува, работи и има амбиции да го подобри нејзиниот личен, истовремено македонски рекорд во маратон во женска конкуренција, кој гласи 2:35.29.