Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.9 денеска во 16:15 (24 септ. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Детството некогаш значеше игра во маало, дружење и часови поминати надвор од дома. Се играше челик, ластик, школица, жмурки, брканица, долга магарица… Денес, сè почесто, детскиот свет се преселува на екраните. Децата уште непроодени добиваат мобилен телефон од родителите – само за да бидат мирни. Социјалните мрежи и дигиталните содржини стануваат дел од секојдневието и на најмалите, а родителите се соочуваат со дилемата – како да постават граница кога токму телефонот понекогаш е најбрзиот начин да го смират детето.
Дали возраста од нула до шест години – периодот во кој се поставуваат темелите на развојот – треба да биде препознаена како национален приоритет?
Време ли е државата да воспостави национални правила за заштита на најмалите од прекумерното користење на дигиталните содржини?
АНКЕТА: Дали родителите премногу им дозволуваат на децата да бидат на телефон? Да / Не