Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.6 денеска во 16:15 (21 септ. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Фрлање отпад покрај контејнери, создавање диви депонии, па дури и фрлање ѓубре од мост директно во Лепенец. И додека надлежните најавуваат „нулта толеранција“ и засилен инспекциски надзор, прашањето е – дали казните се доволни за да се смени односот кон јавниот простор?
Последниот случај во Кисела Вода повторно ја отвори дебатата за несовесното однесување, но и за тоа дали граѓаните се доволно информирани каде и како треба да го одлагаат отпадот.
Македониа – држава или депонија?
Дали високите казни, инспекциите и камерите ќе ги натераат граѓаните да престанат со несовесното фрлање отпад? Или проблемот е многу подлабок – во навиките, културата и односот кон заедничкиот простор?
АНКЕТА: Дали покрај казните јавното објавување на идентитетот на прекршителите би помогнало за почиста околина? Да/Не