Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.33 денеска во 16:15 (30 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Агенцијата за храна и ветеринарство само во првите осум месеци од 2026 година има уништено точно 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз. Дополнително, спречен е влез на над 143 тони прехранбени производи на границите, а неодамна беа запленети и уништени уште 470 килограми месо во Василево, како и еден тон пилешки желудник во Охрид и Струга. И два тона небезбедно месо од Радовиш завршуваат на депонија. А домашното производство во нехигиенски услови воПепелиште чии производие се продавало на социјалните мрежи е затворено.
Овие фрапантни бројки отвораат сериозен сомнеж за тоа што всушност јадеме. Дали пазарите во Македонија стануваат депонија за неисправна храна и дали имаме доверба во тоа што го јадеме?
АНКЕТА: Дали ги проверувате декларацијата, рокот на траење и потеклото пред да купите производ? Да / Не