Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.31 денеска во 16:15 (28 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Паричникот веќе е заминат во историјата! Сега и личните документи се селат во мобилниот телефон. Дали Македонија е подготвена за дигитализација на личните документи?
Личната карта, возачката дозвола, здравствените податоци, платежните картички – сè на едно место, на само еден клик. Македонија ја најавува дигитализацијата како голем чекор кон модернизација и можност за поедноставување на административните процедури. Но, дали зад оваа привлечна дигитална визија се крие и ризик од нови административни главоболки? Што кога телефонот ќе ви се испразни токму пред полициска контрола? Што ако го изгубите или ви го украдат? Или, едноставно, падне системот на некоја државна институција, па службеникот ви каже: „Немаме интернет“?
Дали навистина сме подготвени за оваа промена? Дали администрацијата е подготвена за дигитални документи? Колку се безбедни нашите лични документи во мобилниот телефон?
АНКЕТА: Дали би ги замениле класичните физички документи со дигитални документи во вашиот мобилен телефон? Да/Не