Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.27 денеска во 16:15 (21 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Велат дека родителството нема цена. Но, во Македонија, патот до него има – и тоа многу прецизна, често превисока бројка.
Државата со години уверува дека ин витро оплодувањето е достапно за пациентите што ги исполнуваат условите, сведувајќи ја приказната на фамозната сума од само 6.000 денари за партиципација. Но, дали е навистина така?
Зашто државниот ваучер, наместо да биде целосно решение, за некои парови станува само „билет“ за влез во приватните клиники, каде што се соочуваат со дополнителни трошоци што можат да достигнат и илјадници евра — за терапија, замрзнување и чување ембриони, дополнителни анализи и испитувања што не секогаш се опфатени со финансирањето.
Кој профитира од желбата за бебе, а кој е оставен сам да се снаоѓа во вителот меѓу надежта и празниот џеб?
Државата одобри уште три обиди за ин витро, со што бројот на обиди на товар на Фондот се зголеми на најмногу шест. Но, системот има правила, а пациентите и понатаму се соочуваат со неизвесност и можни дополнителни сметки од кои боли глава!
АНКЕТА: Дали државата треба целосно да ги покрива и трошоците за дополнителни прегледи, замрзнување и чување ембриони, како и хормонска терапија по трансферот? Да / Не