Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.26 денеска во 16:15 (20 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Некогаш, кога родителот ќе добиеше повик од училиштето, се знаеше дека детето направило проблем, а зборот на наставникот најчесто се почитуваше и дома. Денес, наставниците сè почесто се соочуваат со нарушена дисциплина, навреди и закани, а наместо соработка со родителите, понекогаш следуваат расправии и обвинувања. Во Данска подготвуваат законски измени со кои ќе им се даде поголеми овластувања на наставниците за физичка интервенција, но прашањето е како да се врати авторитетот без насилство, а училиштето повторно да стане место на почит, ред и одговорност.
Можеби најголемата разлика меѓу некогаш и денес е во соработката меѓу родителите и училиштето. Затоа, вистинското прашање не е дали треба да го вратиме ќотекот, туку дали можеме да ги вратиме редот, почитта и одговорноста.
Ќотекот можеби излегол од рајот, но дали треба да влезе во училиштата?
Анкета: Дали наставниците денес го имаат авторитетот што го имаа порано? Да/Не