Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.25 денеска во 16:15 (19 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Речиси секој петти граѓанин во Македонија живее под прагот на сиромаштија. Кај децата, состојбата е уште позагрижувачка. Зад овие проценти се семејства што секој месец пресметуваат дали прво ќе платат сметки, ќе купат храна или ќе ги обезбедат основните потреби на своите деца. Сиромаштијата не значи само недостиг од пари. Таа значи откажување од квалитетна храна, од здравствена грижа, од образование, од можности и, на крајот, од надежта дека утре може да биде подобро.
Од Македонската платформа против сиромаштија предупредуваат дека граѓаните сè повеќе се препуштени сами да се снаоѓаат, додека системот на социјална заштита е под притисок. Истовремено, Европската Унија поставува амбиција за искоренување на сиромаштијата до 2050 година. да излезат од вителот на сиромаштијата?
Дали работата е доволна за достоинствен живот? Дали социјалната помош им помага на луѓето да излезат од вителот на сиромаштијата?
АНКЕТА: Дали како општество ја прифативме сиромаштијата за нормална состојба? Да/Не