Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.23 денеска во 16:15 (15 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Дебелината кај децата повеќе не е само здравствен проблем на поединецот, туку сериозен предизвик за целото општество. Најновите податоци покажуваат дека во Македонија речиси секое трето дете на возраст од 6 до 9 години има прекумерна телесна тежина, а значителен дел од децата веќе живеат со дебелина.
Неправилната исхрана, засладените пијалаци, грицките и нездравите прехранбени навики што се создаваат уште од најрана возраст отвораат сериозно прашање: дали доволно се грижиме за здравјето на нашите деца?Недоволната физичка активност и сè поголемото време поминато пред мобилните телефони и другите дигитални уреди стануваат дел од секојдневието на децата, а со тоа и сè поголем предизвик за нивното здравје.
СЗО препорачува децата и адолесцентите да практикуваат во просек најмалку 60 минути умерена до интензивна физичка активност дневно. Но, дали активностите во училиштата и навиките надвор од нив се доволни за да се постигне оваа цел?
АНКЕТА: Дали во училиштата треба да има повеќе часови по физичко образование? Да/Не