Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.21 денеска во 16:15 (13 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Еден живот згаснува. Друг добива шанса да продолжи. Зад секоја трансплантација стои човечка приказна. Зад секој дониран орган – можност за нов почеток. А, зад одлуката да се биде донор стои едно прашање: дали сме подготвени со својата одлука да му дадеме шанса за живот на некој друг?
Но, органодарителството сè уште отвора многу дилеми – стравови, предрасуди, недоволна информираност и недоверба во системот. Колку знаеме за органодарителството? Кој може да донира органи, како се изразува личната волја и дали стравот и недовербата нè спречуваат да спасуваме животи?
10 октомври – Европски ден на органодарителството, помина но мора да продолжиме да зборуваме. Секое „да“ значи нов живот.
АНКЕТА: Дали би се согласиле по смртта да ги донирате своите органи за да му дадете шанса за живот на некој друг? Да/Не