Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.20 денеска во 16:15 (09 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Некогаш користењето калкулатор на училиште беше строго ограничено – учениците мораа сами да пресметаат, да размислат и да стигнат до решението. Денес, со неколку клика, вештачката интелигенција може да ја заврши задачата наместо нив.
Но, колку повеќе учениците се потпираат на овие алатки, толку поголем е ризикот да престанат самостојно да размислуваат, да ја проверуваат точноста на информациите и да ја развиваат сопствената креативност.
Дали вештачката интелигенција е помошник во учењето или пат кон зависност и губење на критичкото размислување? Кој треба да ја постави границата – учениците, родителите или наставниците? И дали образовниот систем е подготвен за оваа нова реалност?
Затоа, сè почесто се отвора прашањето – дали новата технологија им помага на младите полесно да учат или, наместо тоа, ги одвикнува од самостојното размислување?
АНКЕТА: Дали користењето на ВИ ќе го намали критичкото размислување кај младите? Да/Не