Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.19 денеска во 16:15 (08 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Вакцинацијата против сезонскиот грип, која требаше да започне во наредните денови, ќе доцни. Министерот за здравство Сашо Клековски потврди дека има застој во набавката на вакцините. На објавениот тендер не се пријавил ниту еден понудувач.
Имунизацијата е планирано да започне меѓу 16 и 25 октомври, а вакцината е бесплатна за лицата над 65 години, хронично болните, бремените жени и здравствените работници. Минатата година најмногу заболени од сезонски грип имало кај лицата на возраст од 15 до 64 години, а најмалку кај лицата над 65 години – групата која најчесто се вакцинира.
Бројките покажуваат дека вакцинацијата има ефект.
Дали вакцинацијата треба да биде задолжителна и бесплатна за сите?
АНКЕТА: Дали ќе се вакцинирате против сезонски грип оваа година? Да/Не