Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.16 денеска во 16:15 (05 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Сè помалку деца, сè повеќе станови – за кого се градат и кој ќе живее во нив?
Во Македонија се раѓаат сè помалку деца, се затвораат подрачни училишта, а бројот на првачиња од година во година опаѓа. Во исто време, градовите растат со нови станбени згради, додека младите сè подоцна се решаваат да создадат семејство. Дали станот, ниските плати, несигурната работа и трошоците за одгледување деца стануваат преголем товар за младите? И ако денес имаме сè помалку деца – кој ќе работи, ќе создава, ќе плаќа даноци и ќе ги финансира пензиите утре?
Демографската слика ја менуваме со години, а сакаме да ја поправиме преку ноќ. Последиците, пак, ќе ги чувствуваме со децении. Затоа прашуваме: што прави државата младите не само да сакаат, туку и да можат да имаат деца и безгрижно да ги одгледуваат?
АНКЕТА: Дали демографските политики се дизајнирани да им помагаат на младите брачни парови да создадат и да одгледуваат семејство? Дa/Нe