Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.10 денеска во 16:15 (25 септ. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Колку често се проверува храната што ја купуваме и дали има доволно инспектори за да ја гарантираат нејзината безбедност? Државниот завод за ревизија утврди недостиг на инспекциски кадар, како и зависност од странска проектна поддршка за дел од лабораториските испитувања. Но, колку е ефикасен системот ако инспекциските служби се соочуваат со недостиг на кадар и ограничени средства за контроли и лабораториски испитувања? Одделението за инспекциски надзор за безбедност на производи при Државниот пазарен инспекторат од предвидените 14 работни места, на крајот на 2024 година биле пополнети само пет. Во периодот од 2022 до 2025 година, 40 производи биле повлечени од продажба по лабораториски анализи, при што дел од испитувањата биле финансирани преку меѓународна проектна поддршка.
Прашањето е колку вакви контроли може да се спроведуваат редовно и навреме ако нема доволно инспектори и ако дел од лабораториските проверки зависат од проектни средства.
Колку е безбедна храната што ја купуваме?
АНКЕТА: Дали контролите на прехранбените производи се доволно чести? Да/Не