Вести Македонија Најважни

Едногодишно дете е заразено со корона вирус во градинка во скопски Центар

Регистриран е првиот случај на дете позитивно  на корона вирус во скопска градинка. Родителите го оденеле во градинка само на денот кога се отворија,  а во јасл таму било само еден час на адаптација во јасли. По некој ден тие им јавиле на негователките дека нема да го носат во градинка, затоа што не се чувствувало добро , јавуваат од градинката 13 ноември од Центар. Симптомите поради вадење на заби , сепак родиле сомнеж дека можеби станува збор за присуство на вирусот. И кај едно годишното дете а и родителите по направениот тест е потврден КОВИД – 19.  Вчера е направена епидемиолошка анкета во јаслената група во градинкиата, па и децата и двете негователките од денеска се во самоизолација.

Преземени се сите мерки за заштита од корона вирусот.Денеска имавме и две  инспекции , од Центар за јавно здравје и санитарна инспекција. Инспекторите немаа никави забелешки,  групата е затворена а во просториите беше направена дезинфекција уште вчера, соопштија од ЈУДГОЦ 13 Ноември

 Од здравствениот инспекторат пак , за Телма потврдија дека за една неделеа откако градинките повторно почнаа да згрижуваат деца позитивни на вирусот во се еден педагог и една негователка , а во изолација со решение се уште 5 негователки од земјава.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, почнуваме да генерираме раст – Мицкоски за македонската економија

Дејан Дејан

Два автомобила со материјали и полициска придружба – транспорт на предметот за пожарот во „Пулс“ на пат од Кочани кон Скопје

Дејан Дејан

Мицкоски: Политиката на свиткана кичма, на предавства и лесно потпишување на договори нè доведе во оваа ситуација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе