Во претседателскиот автомобил на Зеленски утринава влетало приватно патничко возило. Видеото од инцидентот се прошири низ социјалните мрежи и странските медиуми, а потоа од кабиентот на украинскиот претседател ја потврдија веста дека Зеленски бил во автомобилот за време на сообраќајката бидејќи се враќал од регионот на Харков каде ги посети војниците по освојувањето на градот Изјум.
Не е повреден, потврдиле докторите кои патуваат како придружба со него во болничко возило.
Но, возачот на автомобилот кој се удрил во него има посериозни повреди, предизвикани од отвореното воздушно перниче на управувачот.
Му била пружена медицинска помош, а потоа го пренеле и во болница.
Не се знае причината за оваа несреќа, а што точно се случило, и дали сообраќајката е случајна или намерна, ќе истражуваат полициските служби.
Веста за несреќата на украинскиот претседател пристигнува само ден по непотврдените гласини за обид за атентат врз рускиот претседател Путин. Странските медиуми доцна синоќа почнаа да ја лиферуваат веста, повикувајќи се на Каналот Генерал СВР Телеграм, дека Путин преживеал обид за атентат. Овој профил на телеграм е мистериозен и се претпоставува дека го контролираат пензионирани членови на разузнавачки служби од неколку држави, кои имаат свиркачи и во Кремљ.
Генерал СВР Телеграм не пишува кога точно се случил инцидентот, но пишува дека на пат кон резиденцијата во Москва, лимузината на Путин, која била трета во колоната, била нападната.
„На пат кон резиденцијата, на неколку километри, првиот автомобил за придружба бил блокиран од возило на брза помош, вториот автомобил за придружба се движел наоколу без запирање, и наишол на ненадејна пречка, а тетото возило во кое бил Путин се обидел да го заобиколи. Одеднаш од левото предно тркало се сушнал силен тресок проследен со силен чад. Автомобилот со претседателот, и покрај проблемите со контролата, ја следел трасата на водечкиот автомобил и покрај тоа што морал да успори, стигнал до целта“ – пиштува Генерал СВР Телеграм.
Каналот пишува дека потоа било пронајдено тело на маж кој управувал возило на брза помош, а кое го блокирало првиот автомобил од колоната.
Путин не е повреден, но следувале бројни апсења кај телохранителите на претседателот, а некои се дури во притвор затоа што движењето на Путин го знаат само од Тајната служба и овие информации биле компромитирани.
По инцидентот тројца од телохранителите исчезнале, пишува овој интернет Канал, токму тоа биле лицата кои биле во првиот автомобил од колоната, нивната судбина засега не е позната, и автомобилот со кој се движеле бил пронајден празен на неколку километри од инцидентот.
Но точноста на овие информации тешко се потврдува, најмногу поради тоа што Кремљ се држи во тајност, а руските медиуми се воздржани во известувањата за тоа како напредуваат руските воени сили на украинскиот фронт.
А самиот Путин ќе се погрижи и самиот неговата ранливост да не се прикаже. Па така, објавите на Генерал СВР Телеграм, засега немаат потврда.
Но, доаѓаат една недела откако група политичари апелираа до Думата да се покрене обвиние за државно предавство против Путин и да му ја одземе власта, наведувајќи низа причини, вклучувајќи ги воените загуби на Русија во Украина и штетата на нејзината економија од Западните санкции.
Алиса Шутиноска
