Седеле и се дружеле, а Боки 13 ја сликал и снимал. Ексобвинителката Катица Јанева во тужбата до кривичниот суд тврди дека Боки 13 направил 22 фотографии без дозвола и потоа ги користел за најразлични цели. Наместо да се спротистават во судницата за прв пат откако јавноста ги гледаше како обвинетие во „Рекет“, рочиште се одлжи бидејќи тужителката Јанева е во куќен притвор во Гевгелија, а тужениот Боки 13 на интензивна нега откако го оперираше желудникот. Адвокатите на Јанева очекуваат три месеци затвор за Боки 13, иако висинат ана казанта не е толку важна за нив.
Јанева поднесе тужба на 12 март додека обвинителката Вилма Русковска со фотографија по фотографија докажауваше дека Јанева и Боки 13 интензивно се дружеле. Најголемо внимание на јавноста тогаш од нив привлекоа фотографиите и кратките снимки на кои се гледа како Јанева седи во дневната соба од нејзиниот дом во Скопје, а на масичката пред неа има снопче со пари. Имаше и фотографии напрaвени во ресторани и во нејзината канцеларија во СЈО.
Јанева доби 7 години затвор токму ззради тие фотографии, но во вој случај сака да докаже дека и нарушена нејзината приватност. Судот, пак, одлучил да не го прифати барањео на обвинителството и да ја задражи ЈАнева во куќен притвор додека ја чека правосилснота на пресудата, но наредните 30 дена таа побарала да ги минува во Гевгелија.
Павле Беловски