ФУДБАЛСКИ МАГАЗИН – Football review – понеделник и четврток 23:20 часот
Секој понеделник и четврток ексклузивно на Телма, Football review, преглед на најновите информации од Европа, резултати, реакции, интервјуа од петте најсилни лиги на Стариот континент.
ФОРМУЛА 1 МАГАЗИН – The inside line – вторник 23:20 часот
Неделен магазин со најактуелни информации од Ф1 изминатите 7 дена. Анализа на трките, изјави на пилотите и членовите на тимовите.
ФИБА МАГАЗИН – FIBA World Basketball – среда 23:50 часот
Официјален неделен преглед на Светската кошаркарска федерација. Информации и најинтересни моменти од сите квалификациони натпревари за светски првенства, континентални шампионати и клупски натпреварувања во организација на ФИБА.
ФОРМУЛА 1 МАГАЗИН – СПЕЦИЈАЛ – петок во 00:20 часот
Документарна програма посветена на историјата на Формула 1 шампионатите, потсетување на легендарните возачи и тимови, најинтересните моменти во историјата на еден од најпопуларните спортови.