Македонија

Притвор од 30 дена за осомничениот за убиството на сопругата во Гостивар

Единствениот осомничен за суровото убиство на жена пред два дена, попладнево е спроведен во затворот КПУ Скопје во Шутка. На Бајрам И. (67) од Гостивар, судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Тој се соочи со кривична пријава за убиство.

По осомничениот Бајрам И. полицијата трагаше повеќе од триесет часа и вчера попладне го обезбеди во акција на локален пат помеѓу гостиварските села Страјане и Трново. По лишувањето од слобода, тој беше задржан во полициска станица Гостивар, каде по сослушувањето, денес беше изведен пред судија на претходна постапка со кривична пријава за убиство.

Гостиварецот, непосредно по откривањето на телото на неговата сопруга исчезнал и според пријавата бил единствен осомничен за убиството.

Настанот ја вознемири гостиварската јавност, најмногу поради жестокоста и начинот на кој е извршено убиството. Јавното обвинителство информира дека шеесетгодишна Џ.И. била најдена мртва со соба од семејната куќа со повеќе рани нанесени со секира и нож.

Според првичните информации, до трагедијата дошло по настаната расправија поради нарушени меѓусебни односи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе