Македонија

1,2 милиони евра исплатени преку суд на скопските пожарникари затоа што не им се исплаќа она што им следува по закон

Пожарникарите се справија со огнот кој почна во инспекторатот за животна средина и успеаја да ги спасат просториите на Секретаријатот за европски прашања, МИА и другите државни институции во зградата АСНОМ односно во поранешната централа на Комерцијална банка.

И потоа се вратија на редовните обврски за кои почетната пожарникарска плата е 300 евра, 18 700 денари. Иако законски им следува и додаток од 20 проценти на месечните примања, скопските пожарникари со години не добиваат таков додаток кој од зависност на платата се движи од 4.200 до 6 илјади денари.

Поради проблемот најавуваат протести и бараат итно системско решение, а синдикатот бара реакција и на надлежните наместо да се влечат по судови и да го тужат градот.

Градоначалникот Шилегов денеска до пладне не го добил писмото, но потврди дека преку суд на градот Скопје веќе му „изгореле“ 1,250 милиони евра.

Адресата за решението за горливиот проблем ја гледа во државата која исплаќа дотации за плати на поажарникарите.

Голем дел од парите завршиле кај пожарникарите, но со судските пресуди поради заборавените обврски кон нив- пари заработиле и судот, и адвокати и извршители.

Синдикатот на  пожарникарите предлага веднаш да се реши проблемот со тоа што платите во ризичната спсаувачка професија ќе се покачат на над 25 илјади денари.

Има изготвено решение, но тоа засега се применува во помали градови и општини во источна Македонија, додека во поголемите градови- пожарникарите не го добиваат законскиот додатокот од 20 проценти за постојаното ризикување на животот.

Со години државните дотации за пожарникарските плати паѓале, а немало пари ниту за опрема- градот Скопје дури сега набави висока скала за гаснење пожари во скопските солитери, а противпожарната бригада од први септември повторно падна под 200 луѓе- единицата во главниот град на преку 700 илјади жители има само 195 припадници кои треба да ги спасуваат граѓаните од огнот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе