Вести Македонија

Средба Заев – Мицотакис идната недела

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Кирјакос Мицотакис ќе се сретнат идната среда во Атина. Ова ќе биде прва посета на Заев на Атина, на која тој најпрво ќе учествува на меѓународната конференција која ја организира реномираниот Економист на тема Западниот Балкан по 2020, на која ќе се дебатира се следните чекори за проширувањето на ЕУ, и за инвестиции.

На конференцијата на Економист во Лагониси, крај Атина ќе присуствуваат и сегашниот и поранешниот премиер на Грција, Мицотакис и Ципрас.

Неофицијално Заев ќе се сретне со Мицотакис в среда во Атина, што ќе биде прва нивна средба на премиерско ниво.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе