Македонија Најважни

Само 36 од 1100 училишта побарале настава со физичко присуство

Од околу 1110 училишта во Македонија, само 36, 21 основно и 15 средни побарале физичка настава во новата учебна година која ја за прв пат ќе почне на први октомври.

Рокот за да се поднесе барање истекува денеска, а преставници на МОН и владата кои формираа и комисија ќе ги разгледуваат документите, пред да донесат конечна одлука на кои од школите ќе им се дозволи да ги примат учениците назад на училиште.

Битола е еден од каде што повеќето училишта и средни и основни се изјаснија и побараа физичка настава.

Па така од 12 основни училишта во Битолско, дури 6 побарале школската година да почне со класична настава.

Од шест средни училишта пак,  пет сакаат  за 20 дена да има настава со физичко присуство.

Сепак од МОН велат дека и училиштата кои поднеле барања вакво барање  ќе треба да се подготвуваат и за онлајн-настава бидејќи не се знае како ќе се менува епидемиолошката состојба.

А наскоро ќе бидат објавени и протоколите за школските и за студентските домови.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Утре на гласање само еднаш, на гласачките места по две кутии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе