„Мафија на робија“ за власта и „Оставка“ од претседателот на комисијата за енергетика се слушаше од устите демонстрантите. А, главната парола „Скапа струја, сиромашен народ“од пред министерството за правда ја однесоа до седиштето на регулаторната комисија за енергетика. На првиот протест по изборите на протестот свикан од опозицијата се обрати лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што испорача три барања до власта: професионализација на Регулаторната комисија, исполнување на владиното ветување „викенди без ДДВ“ и главното барање кое е причината за денешниот протест.,
Протестот го водеа членови од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, сегашни пратеници, општински партиски функционери и коалицини партенри на партијата. Граѓаните, пак, кои дадоа поддршка на протестите, велат дека по поскапувањето на струјата следи поспакување на сите основни продукти во домаќинстовото.
За Мицковски, главниот виновник за поспакувањето на струјата е дуото Бислимовски – Заев, од кои побара оставки.
Мицкоски порача дека ова е првиот од серијата протести против како што вели „неправдите од Илинденска бр.2“ и детронизирање на власта која дошла на позиција со „украдени и поткупени избори“. Одново ја спомена жешката есен на протести за предвремен пад на власта.
Павле Беловски
