Македонија

ОЈО Скопје ја отфрли кривичната пријава на Кекеновски против ДИК

Скопското основно обвинителство ја отфрли кривичната пријава поднесена од  претседателот на Фродем Јове Кекеновски,  против претседателот и членовите на Државната изборна комисија за кривичните дела  повреда на избирачко право, повреда на слобода на определување на избирачите, уништување на изборен материјал и изборна измама.

Во кривичната пријава стоело дека членовите на ДИК, спротивно на Изборниот закон, наложиле  под редниот број 11 да се впише партијата Единствена Македонија, наместо  името на коалицијата Никогаш Северна – Само Македонија, предводена од политичката партија Единствена Македонија, а во која учествувале и граѓанските здруженија ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерани на ВМРО 1990 година, и со тоа ги довеле во заблуда гласачите и ги лишиле од правото да гласаат за кандидатите предложени од коалицијата.

Од обвинителството објаснуваат дека направиле увид во целокупната документација,  која како што посочуваа е од име и за сметка на политичката партија Единствена Македонија.

– Оваа партија самостојно учествувала на изборите, а не во коалиција со други субјекти, како што стои во пријавата, бидејќи тие субјекти се граѓански здруженија и не ги исполнуваат законските услови да учествуваат во изборна коалиција. Исто така, целата постапка, писмена комуникација и размена на преписки и писмена била со партијата Единствена Македонија, со што овој подносител и самиот се идентификувал и прифатил да му се обраќаат како на самостоен учесник во изборниот процес. Всушност, доколку пријавените и овозможеле на политичката партија да учествува на изборите со различен назив на листата на кандидати ќе постапеле спротивно на законот и на упатството, објаснуваат од обивнителството

Дополнително истрагата утвридла дека е неоснован и наводот во пријавата дека ДИК ги  довеле во заблуда гласачите и дека ги оневозможиле да ги изберат кандидатите предложени од политичката партија Единствена Македонија, бидејќи уште пред одржувањето на изборите јавноста била запознаена со називите на сите подносители на листите и нивниот редослед на гласачкото ливче, објаснуваат од скопското обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Почна државната матура – првиот изборен испит го полагаат над 14 500 ученици

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе