Македонија Топ вести

Поради вработена со симптоми на Ковид-19, 110 деца од Свети Николе не тргнаа во градинка

Сто и десет деца во Свети Николе денеска не се згрижени во најголемиот објект Клон 1 на детската градинка „Рахилка Гонева“, од причина што вработена е со симптоми на Ковид 19.

Вработената извршувала припремните работи за прием на дечињата, а во согласност со Протоколот и Алгоритамот од Министерството за труд и социјална политика за постапување, раководството било  принудени денес да не ги отвори вратите за прием на дечињата во Клон 1.

Додека не добиеме официјални резултати од тестирањето на вработената и епидемиолошка слика за нејзините контакти со вработените во градинката,овој објект нема да го пуштиме во функција, вели за Телма светиниколскиот градоначалник Сашо Велковски.

Инаку денеска во Свети Николе не се згрижени околу 66 проценти од децата, за кои родителите побарале да бидат згрижени. Во останатите два објекти во Свети Николе и Лозово денеска се примени вкупно 35 деца.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Британскиот премиер Стармер, без да го именува Џ.Д Венс, ги критикуваше „луѓето кои се мешаат во нашата демократија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе