Вести Македонија

Аеродром, Карпош 4 и Водно без вода

–Поради дефект на приклучна цевкаФ-80мм, без вода денеска ќе бидат корисниците на бул. „Трета македонска бригада“ (три згради на Голден арт), како и фирмите ЖТП влеча-железници, Скопски пазар и Сомболед во општина Аеродром, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Прекинот во водоснабудувањето ќе биде од 10:00 часот до санација на дефектот.

Поради дефект Ф-400 мм на бул. „Илинден“, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од населба Карпош 4.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот до санирање на дефектот.

Поради дефект на вентил, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Димче Мирчев“ и „50-та дивизија“ во скопската населба Водно.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:15 часот до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе