Останато Спорт

Пичардо ги обедини светската и олимписката титула

Португалецот Пабло Пичардо продолжи со доминацијата во трискок. Тој со скок од 18 метри и 95 сантиметри и ги обедини светската и олимписката титула. Втората позиција ја освои Хјуз Фабрис Занго од Буркина Фасо додека трет е Жу Јаминг од Кина.

Андерсон Питерс од Гренада го освои златото во фрлање копје. Тој беше единствениот што забележа далечина преку 90 метри и влезе во историјата на шампионатите како втор атлетичар по Јан Железни кој успел да го одбрани златниот медал во оваа дисциплина. Втор е олимпискиот првак од Токио, Индиецот, Нераж Чопра, а бронзата му припадна на Јакуб Вадлејех од Чешка.

Во трката на 5000 метри триумф на Гудаф Цегај од Етиопија која по среброто на 1500 метри овој пат се искачи на највисокото место на подиумот. вВтора низ целта мина Кенијката, Беатрис Чебет додека со бронзата се закити втората атлетичарка од Етиопија, Давит Сејам.

Кениецот Емануел Корир по златото во Токио стигна и до светската титула на 800 метри. Корир на целта пристигна со 67 стотинки предност во однос на Џамел Сеџати од Алжир додека третото место го освои Канаѓанецот, Марко Ароп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе