Атлетичарката од Бахами, Шона Милер Уибо по двете олимписки злата и двата сребрени трофеи на Светските шампионати, конечно се искачи на највисокото место на подиумот на Мундијалите.
Таа во трката на 400 метри славеше со 49 секунди и 11 стотинки што нов најдобар резултат на светот за оваа година.
Втора низ целта мина Маридли Паулино од Доминиканската република додека третото место и припадна на Сада Вилијамс од Барбадос.
Кај мажите златото му припадна на Американецот, Мајкл Норман кој триумфираше пред Кирани Џејмс од Гренада и Британецот, Метју Хадсон Смит.
А во фрлање копје кај дамите најсјајното одличје и припадна на Келси Ли Барбер од Австралија. Таа забележа резултат од 66 метри и 91 сантиметар што е најдобар резултат на светот за оваа година. Втора е Американката, Кара Вингер, а со бронзата се закити Харука Китагучи од Јапонија.
ФОТО: Игор Паневски