Останато Спорт

Трки за историја во финалето на 200 метри

Во машката трка на 200 метри, доминација на спринтерите од САД. По тројниот триумф на стотката идентичен подвиг и на двојно подолгата патека.

Ноа Лајлс славеше со време од 19 секунди и 31 стотинка што е нов национален рекорд и успеа за еден стоти дел од секундата да го надмине 26 години стариот резултат на Мајкл Џонсон поставен на Олимписките игри во Атланта, а воедно ова е и четврто најдобро време во историјата на оваа дисциплина.

Второто место му припадна на Кени Беднарек кој имаше време од 19.77 додека трет е 18 годишниот Ерион Најтон.

Кај дамите златниот медал во трката на 200 метри и припадна на Шерика Џексон од Јамајка. Таа на целта пристигна со резултат од 21 секунда и 45 стотинки што е за само 11 стоти дела побавно од светскиот рекорд на легендарната Флоренс Грифит Џојнер и ова втор најдобар резултат на сите времиња.

Со среброто се закити Шели Ен Фрејзер Прајс додека третото место го освои Британката, Дина Ашер Смит.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе