Туристичката сезона во Дојран ќе трае подолго а се очекуваат и до 30 проценти поголем број туристи од вообичаено. Вакви се прогнозите на локалните власти кои сметаат дека во услови на пандемија и затворени граници граѓаните ќе продолжат да доаѓаат во домашните туристички центри.
На Дојранските плажи не секогаш се почитуваа протоколите. И покрај зголемите контроли граѓаните малку внимаваа на мерките за заштита, но градот сепак остана реалитивно безбеден, со само десетина случаи на КОВИД – 19 од почетокот на пандемијата.
Во Дојран во моментов се користат десетина плажи во Стар, Нов Дојран и селото Николиќ.
Минатата година Дојран реализираше околу сто илјади ноќевања.
Сузана Мицева