Јулимар Рохас од Венецуела и Катарецот, Мутаз Еса Баршим триумфираа во своите дисциплини на Светското првенство во атлетика во Јуџин по трет пат во кариерата се искачија на највисокото место на подиумот.
Светската рекордерка и олимписка шампионка, Рохас ја одбрани титулата во трискок откако во Јуџин прескокна 15 метри и 47 сантиметри што е шести најдобар резултат на сите времиња. За Рохас ова е трет последователен триумф на шампионатите по триумфот во Доха и Лондон.
Среброто и припадна на Шанејка Рикетс од Јамајка која забележа скок од 14 метри и 89 сантиметри, а трета е Американката Тори Френклин.
И Баршим по победите во Лондон и Доха славеше во Јуцин. Тој до третото последователно злато стигна со прескокнати 237 сантиметри. Втор со скок од 235 сантиметри е Санг Хеок Ву од Јужна Кореа, а трет е Украинецот, Андреј Протсенко.
ФОТО: Игор Паневски