Вести Ковид19

Зголемен број амбулантски прегледи на инфективна заради Ковид-19

Бројот на новозаболени секојдневно расте, зголемен е и бројот на амбулантски прегледи на Инфективната клиника.

Зголемувањето на бројот на позитивни случаи во светски рамки по извршените тестирања е предизвикано од омикрон варијантите BA.4 и BA.5, кои за сега кај не се потврдени, сепак многу веројатно е дека новите инфекции се должат на овие варијанти на Омикрон.

„Разликата во клиничката симптоматологија се уште не ја забележуваме, со тоа што и бројот на пациенти не е толку голем за да се изгрупираат истите. Но сега има зголемен број на пациенти со покачена температура, во најголем дел горнореспираторни симптоми, болка во грло, течење на нос.  Се разбира има и ќе има такви кои ќе појавуваат долнореспираторни симптоми, со отежнато дишење со воспаление на белите дрбови итн. Во моментов она што го имаме ние како хоспитализирани пациенти се токму ваквите пациенти кои ја развиваат клиничката слика со малку потешки симптоми и од оние коишто се хоспитализирани на Инфективна клиника веќе 8 пациенти се со потреба од дополнителна кислородна поддршка и терапија“ – изјави директорката на клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ .

Додека состојбата со ковид-19 во земјава е стабилна и за сега нема дополнителни рестриктивни мерки, во Европа и регионот се подготвуваат за нов бран.

Ниту една мерка не може да биде добра, доколку  таа не се применува во пракса и тоа кај најголем број чинители, вели доктор Стевановиќ.

„Мерките ќе треба посеризно да ги применуваме посебно во здравствените институции, било која здравствена институција, во аптеките, во превозните средства, независно дали станува збор за градски или меѓуградски сообраќај, авионски или било каде што голем број луѓе престојуваат пократко или подолго време на една мала површина. Секако тоа нема да ги исклучи и големите продавници каде поголем број луѓе се на едно место или било кои други затворени простории“ – додава Стевановиќ.

Сведоци сме дека различните соеви и искуството низ овие безмалку три години на ковид пандемија покажа дека различни возрасни групи напаѓа вирусот со тешка клиничка слика, не само возрасните и не само хроничните болни, туку и млади и здрави луѓе со не така значајни хронични потешкотии, некои завршуваа и со смртен исход, вели Стевановиќ.

И  токму затоа е потребен сериозен пристап во почитување на мерките, комплетирање на вакциналниот статус и интензивирање на истиот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе