Вести Ковид19

Нема нови рестриктивни мерки против Ковид-19

Нема дополнителни рестриктивни мерки, вака одлучи Комисијата за заразни болести по денешниот состанок и покрај тоа што зголемен е бројот на новозаразени за 79,9 % во однос на минатата недела. Нема загрозување на здравствениот систем и покрај тоа што се бележи тренд на зголемување на амбулантски прегледи, не е зголемен ниту бројот на пациенти со тешка клиничка слика вели доктор Мехмедовиќ.

„Во исто време е констатирано дека болничките капацитети се слободни, имаме мал број на хоспитализирани пациенти, што ги добивме од Клиниката за инфективни болести и другите оделенија за инфективни болести  во државата и има хоспитализирано се на се 25 лица, од кои на Клиниката за инфективни болести две се на поддршка со кислород, останатите се во стабилна состојба“ – вели Злате Мехмедовиќ од  комисијата за заразни болести.

Во меѓувреме Комисијата за заразни болести работи на реорганизирање на системот на примарна здравствена заштита кој во моментов е најзасегнат и одлуките ќе бидат соопштени наредната недела.

„Дополнително беше дискутирано и за недостатокот на тестови, односно тестирањата во институциите кои се надлежни за тоа. Дополнително беа дадени насоки од Комисијата да се дуплира капацитетот на тестови на дневно ниво, а онаму каде што има потреба и за зголемување на така дуплираната бројка за да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните“ – додава Мехмедовиќ.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на КОВИД-19.

Во моментот во Македонија има над 2300 активни случаи. Најмногу заразни има во Скопје, додека во Крушево, Пехчево и Македонска Каменица нема активни случаеви на вирусот.

Додека состојбата со ковид-19 во земјава е стабилна, во Европа и регионот се подготвуваат за нов бран.

Во Бугарија веќе од понеделник се враќа носењето заштитна маска. Во Албанија расте бројот на нови случаи со Ковид-19 и речиси секој втор тестиран е позитивен.  Според Светската здравствена организација во светот веќе петта недела расте бројот на нови случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на починати е релативно стабилен.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе