Останато Спорт

Европски рекорд на Палтриниери, 44 медали за Американците

На последниот ден од пливачките натпреварувања на Светскиот шампионат во водени спортови поставен е еден европски и рекорд на првенствата

Во трката на 1500 метри, триумф на Италијанецот, Грегорио Палтриниери кој на целта пристигна со време од 14 минути 32 секунди и 80 стотинки и за секунда и 24 стоти дела го подобро сопствениот европски рекорд.

Завршниот ден беше крунисан со уште еден рекорд на Стариот континент откако штафетата 4 пати по 100 мешано на Италија славеше со нов европски рекорд.

Петнаесет годишната Канаѓанка, Самер МекИнтош славеше на 400 метри мешано и по втор пат на првенството се искачи на највисокото место на подиумот, а Сара Сјестрем од Шведска победи во трката на 50 слободно и по десетти пат во кариерата се закити со светското злато или за неа ова беше вкупно 19. медал на Мундијалите.

На 50 метри градно триумф на Литванката, Рута Меилутите, а златни медали на САД им донесоа Хантер Армстронг на 50 метри грбно и женската штафета 4 пати по 100 метри мешано.

Пливачите од САД на шампионатот во Будимпешта освоија вкупно 44 медали што е рекорд во историјата, а на последниот ден покрај двете злата освоија уште по две сребра и бронзи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе