Вести Македонија

Ѓавато пред колапс

Хидросистемот Ѓавато се демолира. Се крадат шахти, се вади бакар од потопните пумпи и делови од хидросистемот.

Само три месеци од престанувањето со работа стана хаос во хидросистемот што се направи за да се спаси Дојранското Езеро.

Вработените се уште доаѓаат на работа, пријавувале на надлежните во Министерството за животна средина, во полиција, дека се распаѓа системот, но досега никој не презел никакви мерки.

Ѓавато премолчано е оставен да се уништува.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека месечните сметки за електрична енергија на системот до лани беа околу 60. 000 евра, а со покачувањето на електричната енергија од октомври станале над 300 илјади евра за еден месец.

Единствена добивка беше надоместокот од конецесијата за мала хидроцентрала Топлец на брегот на Дојранското Езеро, од која добиваше 2.500 евра месечно.

Последните години хидросистемот работеше само за потребите на малата хирдоцентрала Топлец.

Со запирањето на пумпите почната е и постапка за раскинување на концесијата за работата на малата хидроцентрала и според Министерството поисплатливо е да платат пенали за раскинување отколку да се плаќа месечната сметка за електрична енергија.

Според  дојранскиот градоначалник Ангов нивото на водата на Дојранското Езеро засега е над дозволената и во моментов нема закана за езерото.

Хидросистемот е изграден во 2001 година и почна да работи како јавно претпријатие. Од 2012 година е трансформиран во хидросистем Ѓавато и е даден на управување на министерството за животна средина иако немаат законско право да управуваат со него.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе