Северна Кореја напредува во борбата против сушата, објавија севернокорејските медиуми, цитирани од Ројтерс.
Националната кампања на Пјонгјанг за зголемување на родот на оризот како мерка против потенцијалната криза со храна продолжува.
Во исто време, КНДР ја продолжува битката со бранот случаи на ковид. Епидемијата ги засили стравувањата од криза со храна во Северна Кореја, која нема вакцини и други важни медицински производи.
Борбата против сушата напредува откако централната влада и локалните власти ги мобилизираа „сите свои сили и ресурси“ за да го подобрат системот за наводнување и да ги зголемат посевите на оризот, објави севернокорејската новинска агенција КЦТА.
