Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Радев и Петков повикани во Париз на средба со Макрон

Бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Кирил Петков се повикани во Париз на средба со францускиот претседател Макрон, објави БГНЕС.

Според агенцијата, се очекува тие да го одобрат предлогот на Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на Македонија во ЕУ. БГНЕС дознава дека за возврат француското претседателство ветило дека ќе ги вклучи сите бугарски барања во преговарачката рамка и нивното спроведување ќе го гарантира самиот Макрон.

Овој предлог на францускиот претседател им било соопштено на чесниците на Коалицискиот совет што се одржа во петокот, а од каде немаше конкретни информации за што точно е разговарано. Сепак, изворите на БГНЕС велат дека планот на Макрон има предлози кои не се јасни и воопшто не е сигурно дека Европската комисија може да даде гаранции за нивно спроведување во иднина

Консултативниот совет за национална безбедност што го побара премиерот Кирил Петков за Македонија ќе биде свикан по посета на Франција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе