Останато Спорт

Алварез атакува на нова титула

Лас Вегас вечерва ќе биде домаќин на уште еден спектакл во кој ќе се соочат Димитриј Бивол и Канело Алварез кои ќе боксуваат за титулата светски првак во полутешка категорија.

По пауза од шест месеци неприкосновениот шампион во средна категорија и првак во WBО во полутешка, Алварез ќе се обиде да стигне до уште еден подвиг и да ја освои титулата во верзијата на Светската боксерска асоцијација.

Мексиканецот е еден од ретките кој успеал да се закити со појаси во пет различни категории, а сега тргнува во поход кон уште еден појас.

Противник му е актуелниот шампион, Русинот Бивол, кој се уште на ја почувствувал горчината на поразот во професионалниот ринг и на 19 меча има исто толку победи од кои 11 со нокаут. Алварез вечерва ќе ја има 61-та борба, а до овој момент има 57 победи, два нерешени резултати и еден пораз и тоа пред девет години од легендата во средна категорија Флојд Мејведер.

На мерењето пред борбата Алаварез тежеше 79 килограми, а неговиот противник беше потежок за само 90 грама.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе