Влошената епидемиолошка ситуација во Кина и враќањето на строгите рестриктивни мерки за патувања ги принудија организаторите да ги откажат двата митинзи од Дијамантската лига што требаше да се одржат во Шангај и Шензен.
Според календарот натпреварувањето во Шангај беше на програмата на 30 јуни, а една недела подоцна следуваше и митингот во Шензен.
Како замена за едно од двете натпреварувања во Кина на Дијамантската лига и се приклучува митингот во полскиот град Хоржов, кој според календарот беше на листата на второто по ранг натпреварување и наместо во јули ќе се одржи на шести август.
ФОТО: Игор Паневски