Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПРВА СТРАНИЦА: ЊУЈОРК ТАЈМС ОДБЛИСКУ – недела, 25 декември 2022, 19:45

/

Документарни

Сподели преку :

Возбудливиот документарен филм на Ендрју Роси ПРВА СТРАНИЦА: ЊУЈОРК ТАЈМС ОДБЛИСКУ имаше светска премиера на филмскиот фестивал Санденс. Во традицијата на одличните документарни филмови, филмот вешто добива невиден пристап до редакцијата на Њујорк Тајмс и до внатрешните работи на Медиа Деск. Со оглед на тоа што Интернетот го надминува печатениоте медиуми, нашиот досегашен главен извор на вести, а весниците низ целата земја банкротираат, Филмот ја прикажува трансформацијата на медиумската индустрија во време на најголемите превирања.

Писателите како Брајан Стелтер, Тим Аранго и остриот Дејвид Кар, ја следат метаморфозата на печатеното новинарство, додека нивниот весник се бори за живот. Нивните уредници и издавачи се борат со актуелни прашања како контроверзите на новите извори и импликациите на онлајн платежните медиуми, додека ригорозното новинарство напредува. ПРВА СТРАНИЦА ни дава одблиску поглед на енергичните дебати, соработката меѓу редакциите и вештото објавување на страниците на најпочитуваниот весник во Америка.