Вести Македонија

Антикорупциската комисија има три отворени предмети за гостиварскиот обвинител Арсим Адеми

Антикорупциската комисија има три отворени предмети за гостиварскиот обвинител Арсим Адеми и за сите утврдени пропусти го има известено советот на јавни обвинители, пред кој Адеми конкурира за нов обвинител за гонење на организиран криминал и корупција. Адеми е казнет од ДКСК со двесте евра глоба затоа што не соработувал со антикорупционерите, а исто така е отворен предмет за пресудата во случајот Кичеец која обвинителот од Гостивар ја договорил спогодбата со Милески за предизвикана сообраќајна несреќа со жртва.  Претседателката на антикорупциската комисија оцени дека советот го има последниот збор, но смета дека пропустите се јасни.

Вчера КОД објави дека обвинителот Адеми бил казнет затоа што не сакал да соработува во предмет на антикорупциска за кривична пријава за стечаен управител во Гостивар. Две години обвинителот Адеми тврдел дека предметот е на вештачење поради што добил глоба, а известен е и советот на јавни обвинители. Од обвинителството пак одговорија дека вишото гостиварско обвинителство веќе го разгледало случајот со колегата Адеми и утврдиле дека нема пропусти, а бил поднесен обвинителниот акт за конкретниот стечаен управник. За тоа никој не ја известил антикорупциската комисија. Поради спогодбата меѓу обвинителот Адеми и обвинетиот Зоран Милески Кичеец за 6 месеци затвор по признаена вина за сообраќајна несреќа со жртва, ДКСК отворила постапка поради сомнеж за корупција бидејќи обвинителот Адеми не навел во спогодбата дали сопругата на загинатиот се откажува или приклучува на кривичното гонење, туку само пишал дека жената на жртвата остава на обвинителството да одлучи. А обвинителот одлучил да ја прифати спогодбата со Кичеец. Минатиот честврток не помина гласањето за избор на нови обвинители за гонење организиран криминал и корупција за кои конкурира и Адеми, а нов обид за избор ќе има во текот на неделата повторно.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе