Вести Македонија Топ вести

Борел на средби со државниот врв

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој од вчера престојува во посета на Скопје, денеска ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерите на парламентарните партии.

Скопје е првата станица на Борел, кој од Северна Македонија, ќе отпатува за Албанија и Босна и Херцеговина. Посетата на Борел на Западен Балкан ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот, исто така, во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе