Култура

Претставата „ Нема да биде крај на светот“ ќе учествува на фестивал во Бурса

Македонскиот народен театар, со претставата „Нема да биде крај на светот“, ќе учествува на 9. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса – Турција. Претставата е копродукција меѓу МНТ, театарот САРТР од Сараево и продукцијата „ Перипетија“. Работена е по текст на Аднан Лугониќ, a во режија на Нина Николиќ. Во неа играат: Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ.Сценограф е Ангел Петровски, а костимограф- Ивана Каранфиловска-Угуровска.Изборот на музиката и адаптацијата се на Оливер Митковски, а во претставата се користи и композицијата „Магдалена“, од Димитар Масевски. А како соработник за македонски јазик беше ангажиран актерот Ѓорѓи Јолевски.

Под раководството на Државните театри секоја пролет во Бурса се одржува Балкански театарски фестивал, на кој настапуваат театарски куќи од балканските земји. Фестивалот создава можност да се сретнат познати театарски куќи од светот, но сепак подоминантни се театарските продукции од балканските земји. Оваа година фестивалската програма ќе се одржи од 10 до 24 март, а претставата „ Нема да биде крај на светот“, ќе се одигра на 15 март.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе