Култура

Отворена изложба во резиденцијата на ЕУ инспирирана од климатските промени

„Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“, е насловот на изложбата која е во тек во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. За поставката се изработени дела од шест македонски уметници кои ги разоткриваат аспектите на климатските промени и важноста на биодиверзитетот за човечкиот живот. Изложбата е дел од кампањата за Зелениот договор што Делегацијата на ЕУ ја започна во ноември минатата година, повикувајќи на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа во справувањето со климатските промени. Главната тема на изложбата е спречување на колапсот на биодиверзитетот, што е меѓу основните цели на Европскиот зелен договор.

Уметниците, избрани од скопската галерија „Акантус“, имаа можност уметнички да ги артикулираат своите грижи поврзани со животната средина, а инспирирани од Европскиот зелен договор.

Вана Урошевиќ и Зоран ТодовиќВелимир Жерновски, Маја Кировска, Ненад Тонкин и Озбек Ајваз, изработија уникатни уметнички дела кои ќе послужат како мотив за размислување при интерактивните дебати што Делегацијата на ЕУ ќе ги организира во следните три месеци. Работилниците ќе бидат место за дискусија за најрелевантните прашања поврзани со Зелениот договор во Северна Македонија, како и за можните решенија. Ќе вклучуваат деца, студенти, претставници на граѓанското општество, властите и академските кругови.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 20 мај 2022 година. Резервација на време за посета и бесплатни билети може да се добијат преку Фејсбук страницата „ЕУ за Култура“ EU za Kultura

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе