Спорт Фудбал

Салах најдобар во Премиер лигата

Британскиот магазин 4-4-2 ја објави листата на 100-те најдобри фудбалери во Премиер лигата. На првата позиција во моментов се наоѓа напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах, кој со 20 погодоци е и најефикасниот играч во Англискиот шампионат.

Веднаш зад него е Бернардо Силва од Манчестер Сити, а трет е репрезентативецпт на Англија Трент Александер Арнолд.

Меѓу петте најдобри е уште еден фудбалер на лидерот на табелата, Жоао Кансело и Деклан Рајс од Вест Хем. Неочекувано на шестото место е неговиот тимски колега Џерод Боувен, следуваат Родри, Конор Галагер и Рафиња.

Листата на моментално 100 најдобри играчи е направена според учинокот на фудбалерите во досегашниот тек од сезоната во Премиер лигата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе